(РЕЦЕПТ) Мус од лимон: Освежителен десерт на кој никој не може да му одолее

Добивај вести на Viber

Потребни намирници:

4 јајца со средна големина (одделени белките и жолчките од јајцата)

250 грама шеќер

кора и сок од три лимони

5 лажици ладна вода

15 грама желатин во прав

300 мл хопла

Украсете по желба - кора од лимон или друго овошје, може да додадете и бисквити


Начин на подготовка:

Изматете ги жолчките, кора од лимонот и сокот од лимон со миксер додека не се раствори шеќерот и смесата малку да се згусне.

Ставете ја ладната вода во тенџере, додадете го желатинот и мешајтена тивок оган.

Оставете желатинот да се раствори, тргнете го садот од топлината и оставете малку да се излади.

Во посебен сад лесно изматете ја хоплата.

Во неа измешајте го стопениот желатин и потоа нежно додајте ја добиената мешавина во смесата со јајца.

Изматете ги жолчките во посебен сад со електричен миксер.

Садотсо изматената жолчка ставете ја над  поголем сад исполнет со мраз вода.

Нежно додајте ги шлаготод белкитеи мешајте со метална лажица.

Смесата промешајте ја додека не се згусне, а потоа истурете ја во стаклени чаши или украсни садови и замрзнете го еден час или додека не се стегне.

Посипете на врвот на десертот по желба - печени бадеми, кора од лимон, овошје или бисквити.


Бон апетит!!!