Рецепт на денот: Палачинки со ѓумбир и цимет

Добивај вести на Viber

Потребни намирници:

1  ½ чаши брашно

1 прашак за пециво

¼ лажичка сода

¼ лажичка сол

½ лажичка ѓумбир (сув)

1 лажичка цимет

1 јајце

½ лажичка ванилин шеќер

¼ чаша меласа (природен хранлив засладувач)

1 и ½ чаша вода


Подготовка:

Измешајте го брашно со прашокот за пециво, сода бикарбоната, солта, ѓумбирот и циметот во сад. Јајцето со миксер матете го во посебен сад. Во садот со јајацето додадете ги ванилиниот шеќер и меласата. Потоа, додајте ги сувите намирници, претходно измешани заедно и сите состојки темелно мешајте ги.

Загрејте ја тавата на средна температура. Пред да ставите од смесата на тавата, намачкајте масло за готвење или путер. Направените палачинки послужете ги со џем, мед или мармалад по ваш избор.


Бон апетит!