(Рецепт на денот) Сочно пилешко во сос од печурки
Изненадете ги вашите најблиски со ароматичен рецепт што ќеги фасцинира.
Потребни намирници:
* 450 грама пилешко бело месо
* 400 мл бело вино
* 150 грама свежи печурки
* 2 лажици маслиново масло
* 120 мл павлака
* 2 чешниња лук
* 60 грама брашно
* 3 лажици путер
* 50 грама пармезан
* сол и црн пипер
* свеж магдонос
Начин на подготовка:
Завиткајте го месото во проѕирна фолија и исчукајте го убаво, до дебелина 6-7 мм, а потоа исечете го на филети.
Увалете го секое парче месо во брашно и ставете ги настрана.
Во поголема тава, загрејте путер и една лажица маслиново масло, ставете го пилешкото, печете четири минути од секоја страна.
Извадете го месото од тавата, додадете во истата тава малку маслиново масло, печурки, сецкан лук и пржете со постојано мешање.
По неколку минути додајте го белото вино, и на крај вратете го пилешкото и посипете со лук. Кога ќе започне да врие, покријте го со капак и оставете да се крчка околу 15 минути.
По 15 минути, повторно извадете го пилешкото од тавата, истурете ја павлаката и оставете да се загрее. Промешајте и додадете го ренданиот пармезан.
Кога сирењето ќе се стопи, оставете да зоврие додека не се згусне сосот.
Вратете го пилешкото, гответе кратко за да остане топло и сервирајте.
Бон апетит!!!