(РЕЦЕПТ) Највкусната салата со туна и зеленчук

Намирници:

4 туни конзервирани

1 краставица

2 домати

5 ротквици

магдонос

неколку лисја од свежо нане - по избор

1 мала глава црвен кромид

2 млади кромитчиња

20 маслинки

За дресингот:

2 и 1/2 лажици сенф

сок од 1 лимон

2 лажици маслиново масло

сол, црн бибер по вкус


Подготовка:

Исечете го зеленчукот како за салата и ставете ги во голем сад. Исцедете го маслото од рибата и додајте ја во нив. Состојките за дресингот внимателно измешајте ги. Дресингот нанесете го врз салатата и нежно измешајте ја.


Бон апетит!