Рецепт од 3 состојки: Ги враќа во живот растенијата во домот

Ви носиме докажан ефективен совет кој ќе ја обнови свежината, животот и зеленилото на вашите омилени растенија

Љубителите на собните билки знаат колку е тажно да се гледаат растенијата како умираат, а треба да го украсуваат домот или канцеларијата. Без разлика дали само заборавивте да го полиете со вода вашиот омилен цвет или го ставивте на погрешно место во собата, последиците се секогаш исти.

Ви треба: лушпа од банана, мелено кафе и лушпи од јајца.

Подготовка:

Ставете ги сите состојки во блендер и истурете еден литар вода. Измешајте се добро. Посипете ја мешавината со лажица над растението. Сам по некое време ќе видите како тоа живнува.