Рецепт: Омилениот Магнум сладолед сега може да го направите дома

Добивај вести на Viber

Има ли нешто поубаво од сладолед во топлите летни денови? 

Повеќе не мора да одите во продавница по омилениот сладолед, бидејќи сега можете едноставно да го направите дома.

Состојки:

Стапчиња за сладолед;

500 милилитри млеко;

2 лажици шеќер;

60 грама пченкарен скроб;

1 лажица екстрат од ванила;

100 грама бело чоколадо;

100 грама грчки јогурт.

За прелив:

300 грама црна чоколада (може и млечна);

сецкани бадеми.

Подготовка:

Во тенџере истурете го млекото, пченкарниот скроб, ванилата, шеќерот и промешајте. Варете го ова додека смесата не се згусне, а потоа додајте ја белата чоколада. Измешајте ги состојките и додајте го грчкиот јогурт. Повторно измешајте и смесата истурете ја во амбалаша од млеко, која претходно сте ја измиле и сте и го исекле врвот. Со скалпер или тенок нож на страничната страна од амбалажата направете мало дупче и ставете ги стапчињата. Покријте со фолија и оставете го замрзнувач да отстои една вечер.

За прелив: Растопетете го чоколадото и додајте ги сецканите бадеми. Оставете малку да се олади.

Со нож исечете ја амбалажата од млекото, секако ориентирајте се според стапчињата и така ќе добието сладолед на стапче. Потоа стапчињата сладолед потопете ги во чоколадо и вратете ги во замрзнувач уште половина час.

Добар апетит!

Рецепт: Совршени тиквички на брз и лесен начин