(Рецепт) Палачинки во вид на срце за Денот на вљубените

Добивај вести на Viber

Денот на вљубените наближува. Не треба да го чекаме 14 февруари да дадеме повеќе од нашата љубов и емоции на нашиот партнер. Започнете со изненадување со убав појадок или љубовна порака ...


Потребни намирници:

2 јајца

300 мл млеко

200-250 грама брашно

прстофат сол

1 ванилин шеќер

2 големи лажички масло за готвење


Начин на подготовка:

Во длабок сад за матење ставете ги јајцата и убаво изматете ги со миксер, потоа додајте го млекото и брашното, солта, ванилиниот шеќер и маслото за готвење, измешајте ја убаво целата смеса.

На загреана рингла, ставете ја тавата за палачинки и ставете од смесата. Печете на потивок оган. Доколку имате калап во вид на срце од смесата ставете во калапот на тавата, но доколку немате направете ги палачинките обични, а потоа ке ги исечете со нож во вид на срце.

Сервирајте по желба и изненадете го својот љубен или својата љубена!


Бон апетит!