Највкусниот посен рецепт: Печена пастрмка во фолија

Намирници:

2 пастрмки

2-3 лажици маслиново масло

1 лимон

магдонос

рузмарин

сол

црн бибер


Подготовка:

Намачкајте ги пастрмките со маслиново масло. Зачините ставете ги врз рибите, добро нанесете ги со прстите. Од едната половина на лимонот исечете неколку парчиња и наредете ги на рибите. А од другата половина сокот од лимонот ставете го врз пастрмките. Завиткајте цврсто со фолија.

Печете во загреана рерна на 200 степени  околу 20 минути.


Брзо, лесно, вкусно и посно.


Бон апетит!