(РЕЦЕПТ) Пица од стар леб

Јадење кое ќе го сакаат  сите во домот

Ако имате стар леб и немате идеја што да вечерате, имаме одличен рецепт за вас.

Пици од стар леб, за кои не ви требаат многу состојки, а веројатно веќе ги имате дома.


Намирници:

- леб насечен на кришки

- 2 јајца

- шунка

- кашкавал

- сол, црн бибер

- по желба оригано и маслинки


Подготовка:

Разматете ги јајцата и додадете го ренданиот кашкавал. Во тава за печење, ставете хартија за печење, а врз неа наредете кришки леб, истите намачкајте ги со кечап, потоа ставете оригано, и неколку парчиња шунка (може да биде и рендана), врз неа ставете ја претходно направената смеса од јајца и кашкавал.  По желба ставете повеќе кашкавал, ако сте љубител. Печете на загреана рерна 200 степени, додека не се испече кашкавалот и јајцето.

Може врз овие пици од леб да се додаде и маслинки, зависи од вкусот.


Бон апетит!