(РЕЦЕПТ) Пилешко со ананас во слатко-кисел сос
Потребни намирници:
3 лажици соја сос
3 лажици маслиново масло
сол по вкус
½ лажичка црвен пипер
500 гр пилешки гради
1 црвена пиперка исечена на коцки
1 свеж кромид, исечен на коцки
1 лажица пченкарно брашно
1 конзерва ананас
Начин на подготовка:
Измешајте ги двете лажички соја сос со 2 лажици
маслиново масло, сол и црвениот пипер. Промешајте убаво, да се соединат
намирниците. Ставете го пилешкото во смесата да маринира. Загрејте 1 лажица
маслиново масло во длабока тава/вог тава. Пржете ја пиперката во тавата околу 3
минути. Додадете го свежиот кромид и пропржете уште неколку минути. Ставете го
маринираното пилешко во тава. Повремено мешајте додека да се задуши пилешкото.
Ако користите ананас во конзерва, искористете сок од неа за да го растворите пченкарното
брашно. Додајте ги и парчињата ананас во тавата, да се готват и тие околу 3
минути. Пред самиот крај во тавата додајте го и сосот од ананас со брашното.
Доведете до вриење, а потоа гответе уште 2-3 минути додека да се згусне сосот.
Бон апетит!