(РЕЦЕПТ) Посен ролат од кајсии: Што да јадете за Велигденските пости

Добивај вести на Viber

Покрај главните јадења со кои ве инспирираме во деновите за Велигденските пости, денес ви предлагаме да направите посен ролат со кајсии.

Неопходни состојки:

-200 гр шеќер,

-0,5 дл вода,

-300 гр мелени бисквити,

-150 гр сецкани суви кајсии,

-150 гр сецкано чоколадо,

-200 гр маргарин,

- 1 ванилин шеќер,

-100 гр шеќер во прав.

Подготовка:

Растопете го шеќерот со вода.

Тргнете од шпорет и измешајте ги мелените бисквити, кајсии и чоколадо.

Оставете да се олади.

Изматете го маргаринот со шеќер во прав и ванилин шеќер и комбинирајте го со изладената маса.

Сè лесно измешајте, формирајте ролна на проѕирна фолија и оставете ја да се стегне.


Извор/Фото: поснајела.рс