(РЕЦЕПТ) Посна лазања со сос од домати и зачини
Потребни намирници:
1 пакет лазања
1 кромид
1 голема конзерва домати
1 чаша доматно пире
2 чешниња лук
босилек, сушени
сол
црн пипер
свеж магдонос
Маслиново масло
Начин на подготовка:
Загрејте го маслиновото масло на средна топлина. Во него испржете го лукот, претходно исечкан на ситни коцки. Додадете го кромидот, кој претходно исто така исечкан и промешајте неколку минути. Додадете го доматниот сос и доматното пире. Додајте зачини по ваш вкус. Покријте со капак и оставете да врие додека да се згусне.
Се вари вода одделно во длабоко тенџере. За кратко време потопете ја кората од лазања во топлата вода. Исцедете ги и ставете ги настрана. Откако сосот ќе биде подготвен, наредете во тава за печење ред кора, ред сос и така додека не се потрошат производите.
Печете ја лазаната завиткана во фолија во загреана рерна на 200 степени. Пред да ја извадите лазањата, ставете одозгора кашкавал од растително потекло и потпечете ја уште неколку минути, додека да добие убава кора кашкавалот.
Сервирајте и Бон апетит!