(РЕЦЕПТ) Посна пита од афион послатка од секоја штрудла: Што да јадете за Велигденските пости

Добивај вести на Viber

Мекото тесто што се прави со чај од камилица е тоа што и дава посебен шарм на оваа пита, покрај одличната комбинација на афион, ореви и џем.

Состојки: 

250 мл чај од камилица, 150 мл масло, 20 гр квасец, 3 лажици шеќер, малку сол, 1 кесичка ванилин шеќер, рендана кора од лимон, 500 гр брашно од тип 500.

За полнење: 

300 гр мелено семе од афион, 3 лажици џем од кајсија или шипка, 3 лажици шеќер (ако смесата е за штрудла не додавајте)

За декорација: 

3 лажици џем, мелени ореви.

Подготовка: 

Прво подгответе чај од камилица. Оставете да се олади, да биде млак. Потоа истурете го во сад, додадете шеќер, квасец, промешајте, а потоа додадете 1 лажица брашно. Соединете сè, па кога квасецот ќе нарасне, изрендајте кора од лимон, додадете масло, сол, ванилин шеќер и постепено додавајте го остатокот од брашното. Прво промешајте, а потоа измесете го тестото. Покријте го тестото и оставете го на топло место да нарасне, околу еден час.

Во мелените афион додадете џем, малку топла вода и промешајте. Измешајте го тестото, а потоа поделете го на 3 еднакви делови. Исечете хартија за печење со големина од 20 × 30 см и посипете со малку брашно. Ставете го тестото на хартија за печење и со сукало расукајте го во големина на хартијата. Со хартија за печење обложете плех со исти димензии, па ставете ја првата кора и прелијте ја со филот, потоа втората кора, филот, третата кора. Последната кора посипете ја со малку топла вода.

Печете ја питата во загреана рерна на 180 ° C околу половина час, но по 10 минути, покријте ја со фолија. Готовата пита премачкајте ја со џем и посипете ја со мелени ореви.


Извор: стил.курир.рс

Foto: Youtube Printscreen / Uradi Sama- Ideje Za Kreativce

Повеќе посни рецепти за Велигденскиот пост ќе најдете ТУКА.