(РЕЦЕПТ) Посна пита од спанаќ: Што да јадете за Велигденските пости

Добивај вести на Viber

За денес ви предлагаме уште еден посен рецепт.

За ручек направете посна пита од спанаќ.

Неопходно ви е:

-1 пакување кори за пита

-200 гр печурки,

-100 гр праз,

-масло,

-сол,

-100 гр тофу (соја) сирење.

Подготовка:

Измијте го зеленчукот пред подготовка.

На малку масло издинстајте го празот, сецканите печурки и спанаќ.

Додадете сол и вријте додека состојките не омекнат малку.

Ставете две кори на дното од подмачканата тава, лесно изгужвајте ги и посипете со масло, па наредете го филот со спанаќ, корите (стуткани), изрендајте го тофу сирењето, па повторно ставете кора, филот од спанаќ, пак кори, сирењето и повторувајте додека кората се потроши како и филот.

На последната кора, изрендајте тофу сирење, посипете масло и печете на 200 степени додека питата не порумени.

(РЕЦЕПТ) Лосос со лук и домат: Што да јадете за Велигденските пости

Извор: поснајела.рс

Фото: freepik.com

Сите посни рецепти прочитајте ги тука.