(РЕЦЕПТ) Посна сарма со ореви: Што да јадете за Велигденските пости

Добивај вести на Viber

Сѐ уште траат Велигденските пости а ние продолжуваме да споделуваме со вас посни рецепти и да ви даваме идеја.

За денес ви предлагаме да направите посна сарма со ореви.

Состојки за поснА сарма со ореви:

-поголема глава кисела зелка,

-4 главици кромид,

-1 дл масло,

-чаша ориз,

-чаша сецкани ореви,

- црвен мелен пипер,

-со,

-бибер

Посната сарма со ореви се подготвува на следниов начин:

Одделете ги листовите од зелка и исечете ги стебленцата на листот.

Исчистете го кромидот, исечкајте и пржете на масло, додадете го исчистениот и измиен ориз, пропржете уште малку во масло додека мешате, па зачинете го со мелен црвен пипер, сол и бибер и тргнете го од оган.

Кога масата е изладена, додадете сецкани ореви и добро измешајте. Потоа пополнете ја сармата со овој фил.

Наредете во соодветна тава, истурете вода да ги покисне, покријте и варете на силен оган.

На крајот на готвењето, пренесете ја шерпата со сарма во загреаната рерна и запечете малку.

Повеќе посни рецепти прочитајте тука.

Извор: posnajela.rs