Здравје // Рецепти
(РЕЦЕПТ) Посни брускети со домат и лук
Намирници:
* Багет леб
* Маслиново масло
* Домати/Шери домати
* Лук
* Босилек
Подготвка:
Насечете го доматот на коцки (доколу имате шери доматчиња исечете ги нив на парчиња), а лукот изрендајте го. Промешајте убаво и додајте малку сол.
Во тава за печење ставете хартија за печење, насечете го багетот на кришки и наредете ги врз хартијата за печење, на секое парче нанесете маслиново масло и ставте да се потпече багетот во загреана рерна. Откако ќе се потпече лебчето нанесете претходно подготвена смеса.
На крајот ставете свеж босилек, но доколку немате можете да ставите и сув босилек.
Бон апетит!