(РЕЦЕПТ) Посни руски капи: Вкусни, сочни и слатки
Руските капи исто така можат да бидат посни, а еве
како се прават
Намирници:
За бисквитата:
200 мл кисела вода
200 грама брашно
1 прашок за пециво
50 мл масло
100 грама шеќер
2 лажици какао
За филот:
4 лажици сојно мелко во прав
500 мл топла вода
100 грама шеќер
1 ванилин шеќер
3 лажици густин
3 лажици брашно
250 гр посен маргарин
3 лажици шеќер во прав
100 гр кокосово брашно
За глазурата:
100 грама темно чоколадо
2 лажици масло за готвење
Подготовка:
Во чинија ставете го брашното со прашокот за пециво, додадете го шеќерот, маслото, какаото и минералната вода. Сите состојки изедначете ги добро.
Тавата за печење обложете ја со хартија за печење, потоа ставете ја добиената смеса и печете на 200 степени Целзиусови околу 20 мин. Кога ќе се излади убаво тестото со калап извадете од него кругови.
Филот подгответе го на следниов начин: шеќерот додадете го во врела вода и 4-те лажици млеко во прав и ставете го на шпоретот.
Измешајте го брашното со густинот и со вода и кога ќе зоврие додадете млеко и рамномерно изедначете го со жица за матење. Оставете да се излади целосно со често мешање.
Во сад за матење ставете омекнат маргарин и 3 лажици шеќер во прав и добро измешајте го. Кога кремот ќе се олади, додајте го изматениот маргаринот постепено и мешајте сè, додека не добиете мазен крем.
Нанесете малку крем на еден круг, а потоа покријте го со друг круг, вака залепените кругчиња се тркалаат во кокосот.
Растопете го чоколадото, односно напрајте ја глазуратаи ставете по една лажичка на секое капаче.
Оставете да се излади и уживајте во нивниот вкус.
Бон апетит!