(Рецепт) Романтичен десерт за Денот на вљубените: Палачинки во вид на срце
Денот на вљубените е утре. Доколку се‘ уште немате идеја со што да го изненадите партнерот, ние ви предлагаме да започнете со убав појадок или љубовна порака ...
Потребни намирници:
- 2 јајца
- 300 мл млеко
- 200-250 грама брашно
- прстофат сол
- 1 ванилин шеќер
- 2 големи лажички масло за готвење
Начин на подготовка:
Во длабок сад за матење ставете ги јајцата и убаво изматете ги со миксер, потоа додајте го млекото и брашното, солта, ванилиниот шеќер и маслото за готвење, измешајте ја убаво целата смеса.
На загреана рингла, ставете ја тавата за палачинки и ставете од смесата. Печете на потивок оган. Доколку имате калап во вид на срце од смесата ставете во калапот на тавата, но доколку немате направете ги палачинките обични, а потоа ке ги исечете со нож во вид на срце.
Сервирајте по желба и изненадете го својот љубен или својата љубена!
Бон апетит!