(РЕЦЕПТ) Шпагети со авокадо на вода: Што да јадете за Велигденските пости

Добивај вести на Viber

Продолжуваме да ве инспирираме со идеи за посен ручек.

За денес ви предлагаме да направите посни шпагети со авокадо.

Состојки кои ви требаат:

-2 зрели авокадо (кората треба да има кафеава боја),

-1 пакет посни шпагети,

-кечап,

-10-12 маслинки,

-2-3 главици млад кромид,

-сол

Шпагети со авокадо на вода се подготвуваат на следниов начин:

Исечете го авокадото, отфрлете го семето и одделете го со лажица од кората.

Авокадото испасирајте го со вилушка, додадете кечап, сецкани маслинки и ситно исечен млад кромид (целиот). Измешајте го сето ова добро со вилушка.

Сварете ги шпагетите во солена вода, добро исцедете ги и додадете ги во подготвениот сос.

Добро промешајте и послужете топло. Пријатнен ручек!


Извор/Фото: posnajela.rs

foto: ilustracija