(РЕЦЕПТ) Слатка зелка за цело семејство: Што да јадете за Велигденските пости

Добивај вести на Viber

Во ек на Велигденски пости, Женски магазин продолжува да ви дава идеја за посни рецепти.

За денес предлагаме да направите посна слатка зелка за целото семејство.

Состојки:

-1 главица зелка од 1 кг

-1 компир

-2 моркови

-малку корен од целер

-1 млад кромид

-1 чешне лук

-1 зеленa пиперка, може лута

-200 мл сос од домати или 1 свеж домат

-1 лажица брашно

-1 лажица домашен ајвар

-1 лажичка пипер зачин

-сув зачин, сол

-маслиново масло

-лист од јаглика

Подготовка:

Исечете ја зелката на коцки, а потоа наредете половина во тенџере или сличен поголем сад. Во средината ставете исечени компири, моркови, целер и лисја на коцки, пролетен кромид и зелена пиперка. Ставете вода до половина на тенџерето, покријте, варете на тивок оган. Кон крајот, ставете ги зготвените домати.

Загрејте го маслото во тава, додадете го брашното, па пржете малку. Потоа додадете црвен пипер и ајвар. Лесно промешајте сè. На крај, додадете сол и сецкан магдонос.


Фото: printscreen/youtube/bakinakuhinja

Прочитајте повеќе посни рецепти:

(РЕЦЕПТ) Манастирски пиперки-посен ручек за здрав начин: Што да јадете за Велигденските пости

(РЕЦЕПТ) Топла компир салата со туна: Што да јадете за Велигденските пости(РЕЦЕПТ) Ослич со зеленчук: Што да јадете за Велигденските пости

(РЕЦЕПТ) Плескавици од риба: Што да јадете за Велигденските пости

(РЕЦЕПТ) Ароматичен ѓувеч со зеленчук: Што да јадете за Велигденските пости

(РЕЦЕПТ) Највкусното посно гравче од манастирот Хиландар: Што да јадете за Велигденските пости