(РЕЦЕПТ) Солени и крцкави посни грицки: Што да јадете за Велигденските пости

извор: YOUTUBE/SCREENSHOT/THE PERFECT REFUGE


Најдобрите солени грицки ќе ги израдуваат сите во домот!

Велигденскиот пост трае до крајот на следната недела, а ако сакате солени грицки, ова е совршен рецепт за вас – и посни и вкусни!

Овие тортиљи се подготвуваат од само две состојки, многу лесно. Комбинирајте ги со хумус, сос од гвакамоле, па дури и ајвар!

Потребни намирници:

200 гр пченично брашно

100 гр пченкарно брашно (палента)

2 дл млака вода

сол

масло за готвење

Начин на подготовка:

Измешајте ги двата вида брашно во сад, а потоа постепено додавајте вода и месете за да добиете компактна смеса. Месете го тестото малку на набрашнета површина, обликувајте го во топче, па поделете го на 4 кори. Сукајте што е можно потенок, исечете ги на триаголници со еднаква големина и избоцкајте го секој триаголник малку со вилушка. Пржете во голема количина врело масло додека малку поруменат.

Сервирајте и Бон апетит!


Повеќе посни рецепти може да прочитатае ТУКА.