РЕЦЕПТ СОВРШЕН ЗА ЗИМА: Мимоза коктел од брусница и вино

Доколку очекувате гости, или сакате за своето семејство да подгтвите вкусен пијалок, пронајдовме за вас совршен коктел за зима. Овој коктел од ванила и брусница е совршен за зимски денови, прослава на разни празници и родендени. Рецептот за коктел бара само 3 состојки и е лесно да се направи.

Состојки: 

-Вотка со вкус на ванила 

-Сок од брусница 

-Пенливо вино 

За украсување: 

-Свежа брусница 

-Стапчиња ванила 

Инструкции: Во шејкер за коктели, комбинирајте вотка со вкус на ванила, сок од брусница и мраз. Силно протресете додека состојките не се соединат. Оваа смеса ставете ја во високи чаши за вино, а потоа додајте пенливо вино или вашиот омилен шампањ. Наполнете ја чашата до врв со пенливо вино. Украсете се свежи брусници и ванила. 

Уживајте во овој вкусен коктел.