(РЕЦЕПТ) Совршено летно освежување: Вака се прави највкусниот сладолед од лубеница
Овој десерт е совршен за високите температури. Лесно, вкусно и
освежувачко ...
Потребни состојки:
-3-4 чаши лубеница сецкана на парчиња
-Четвртина чаша сок од лимон
-Лажичка шеќер
-Лимон исецкан на прстени
-Блендер
-Стапчиња за сладолед
-Калапиза сладолед или чаши од јогурт
Начин на подготовка:
Откако ќе ја исчистите лубеницата од семето, исечете ја на парчиња и ставете ја во блендерот. Додадете една четвртина чаша сок од лимон и лажичка шеќер. Кога сè ќе се соедини, истурете во калапи за сладолед или чаши за јогурт и ставете го стапчето за сладолед во средина. Користете лимон исечен на прстени за полесно да го поставите стапот, но и како украс. Кога ќе замрзнат, едноставно извадете ги и уживајте во вашиот сладолед.
Фото: Freepik/Profimedia
Можеби ќе ве интересира:
Евтин колач за секој ден: Состојки кои сигурно ги имате во кујна