РЕЦЕПТ СТАР 6000 ГОДИНИ: Ова е најздравиот колач на светот

Добивај вести на Viber

Желбата за слатко постои од кога се луѓето, само што е голема разликата во она што го јадеме ние и она што некогаш го јаделе одамна. Ние воглавно посегнуваме за нездрави слатки, преполни со шеќер, хемикалии и слично. Пред отприлика 6000 години една од најпосакуваните слатки во стара Грција и на Блискиот Исток биле пастели или интрион. Тоа е колач од само две состојки-мед и сусам, кој е толку здрав и лековит што секој би требало да го јаде. Овој колач се спомнува во старите записи - го земале војници за сила пред да одат во борба , а жените со нив ги стимулирале хормоналните жлезди.  

Ова се негови предности 

 -полн е со низа витамини и минерали 

 -содржи антиокисданси 

 -ги регулира масностиите во крвта 

 -дава енергија за тешки физички работи 

 -ја намалува депресијата

 -го поправа расположението

 -го намалува нивото на стрес 

Состојки: 

-300 грама паста од чист мелен сусам 

- се вика тахини 

-300 грама мед 

Подготовка: 

Добро измешајте и направете топчиња. Ставете ги малку во фрижидер да се стегнат - и тоа е тоа. 

Совет: 

Тахини може да направите и сами. Ви требаат исчистени, сирови семки од сусам, малку сусамово масло (две лажици масло одат на половина до една лажица семка). Пред блендирање семките малку испржете ги на тава додека не добијат златна боја. Ставете ги во блендер, додајте масло и блендајте додека не добиете мазна, густа смеса.