(РЕЦЕПТ) Вегетеријански посен гувеч

Добивај вести на Viber

Велигденските пости се веќе започнати, а за да им олесниме на нашите читатели кои решиле да постат, деновиве ќе пласираме посни рецепти.

Со нашите посни предлози, ќе можете да го проширите вашето мени во текот на овие 40 дена.

Денес ви предлагаме Вегетеријански посен гувеч


Потребни намирници:

* 250 гр сок домати

* 2 црвени пиперки

* 2 моркови

* 1 модар патлиџан

* 1 туквица

* 2 главици компир

* 2 домати

* 1 кромид

* 2-3 чешниња лук

* сол и бибер по вкус

*  магдонос

* 50 мл масло

* 150 мл вода


Начин на подготовка:

Измијте и исечете го целиот зеленчук. Наредете ги во подмачкана тава или во сад за печење. Во садот ставете ја водата и доматниот сос и зачинете со зачини по желба. Покријте со фолија и печете во рерна на 200 степени.

Непосредно пред да го извадите од рерната, можете да посипете со малку сирење или кашкавал од растително потекло.

Сервирајте и Бон апетит!