(РЕЦЕПТ) Вкусни компири во рерна што се топат во уста

Добивај вести на Viber

Се подготвуваат лесно

Компири подготвени на овој начин се совршени за јадење во вечерните часови или како гарнир на кое било месо или риба.


Намирници:

-  Компир

-  200 милилитри слатка павлака

-  100 грама кашкавал

-  Сол и црн пипер

- Масло за готвење

- Алуминумска фолија


Начин на подготовка:

Излупете ги компирите, насечете ги на тенки крукчиња и ставете ги во сад. Во садот ставете ја павлаката и зачините.

Во тава за печење ставете масло за готвење и во него ставете ги компирите, покријте ја тавата со алуминумска фолија и ставете да се пече на претходно загреана рерна. Гответе околу 40 минути на 180 степени.

По 40 –тина минути отстранете ја фолијата и ставете одозгора рендан кашкавал и повторното вратете го компирот во рерна, додека кашкавалот се стопи и зарумени.


Бон аптит!