Рецепт за брускети од палента и зеленчук: Евтин и многу здрав оброк за сите возрасти
Палентата е јадење што потекнува од северна Италија. Популарното име на палента е качамак и долго време се смета за селско јадење. Многу здрава и вкусна, палентата се подготвува многу лесно и може да се консумира на различни начини во комбинација со разновидна храна.
Тоа е оброк направен од бел или жолт пченкарен гриз. Пченкарното брашно има многу позитивно влијание врз целокупното здравје на човекот. Најважното нешто за ова јадење е фактот дека палентата не содржи глутен и може да ја консумира секој, без оглед на возраста. Таа е идеална за мали бебиња, за луѓе кои се грижат за својата тежина или за оние кои имаат проблеми со дигестивниот систем, бидејќи 100 гр палента содржи околу 380 калории. Содржи само природни супстанции, затоа нејзините јаглени хидрати и липиди се добри за здравјето на човечкото тело. Друга причина што овој оброк е идеален за деца е тоа што палентата спречува нагло опаѓање на имунитетот.
Повеќе од јасно е дека палентата на „Кибела“ е здрав оброк што го обожаваат сите, особено ако се комбинира со јогурт или зеленчук што го сакаат децата.
Овојпат ние ви предлагаме еден лесен и вкусен рецепт- брускети од палента и зеленчук:
Состојки:
- 200 гр палента
- 1 кромид
- 1 домат
- Зачини, по избор
Подготовка:
Загрејте ја рерната на 200 степени. Гответе ја палентата во согласност со упатствата на пакувањето, а потоа истурете ја во тавата во која ќе ставите хартија за печење. Печете ја палентата околу 10 минути, а потоа извадете ја и оставете ја да се излади. Исечете ја палентата на коцки или прстени, од кои ќе направите брускети. Кромидот и доматот ситно исецкајте ги и промешајте во сад. Со лажица ставете мешавина од кромид и домат на секое парче палента и ставете зачини одозгора.