Рецепт за Иви чизкејк: #ГотвимеДомаСоЖенскиМагазин и @krstevskaiva

Добивај вести на Viber

На нашата иницијатива #ГотвимеДомаСоЖенскиМагазин реши да  ни се приклучи и Ивана Хаџи-Крстевска Бакулев, која има свој сопствен блог за рецепти на инстаграм. Ивана со нас сподели неколку рецепти, а денес ќе го споделиме со вас нејзиниот рецепт за Иви Чизкејк.


Потребни намирници и начин на подготовка:

За подлога :
300 гр бисквити се мелат, се додаваат 3 големи лажици мед и се топи 200гр путер, се соединува па се става во тркалезна тава и се мазни смесата и се става во фрижидер да се стврдни

За филот:

500 гр маскрапоне се миксира со 200гр шеќер во прав, настрана се соединува еден желатин со 100мл ладно млеко и се остава да набубри
350-400 мл слатка павлака се миксира со 2 ванилин шеќер
Откако се ќе се изблендира во садот со слатка павлака се додава садот со измиксираното маскарпоне и се миксира, на крај му се додава набубрениот желатин и се миксира до тврда состојба и се додава над претходната смеса и повторно во фрижидер.


За крајниот фил имате повеќе варијанти
1. Микс од шумско овошје со 100 мл вода се вари + 2 ванилин шеќер + 10 лажици шеќер, настрана 2 желатини се раствораат со 200мл вода, Откако ќе почни да се пени овошјето се додава желатинот се меша 2-3 пати и се остава да олади, се додава врз кремастиот фил со кутлача првин овошјето потоа малку од течноста, се остава во фрижидер на мн пониска темп.
2. За фил можете да користите тврдо слатко(како желатин што е) и само да го намачкате одозгора
3. Слатко да го поварите на 3 мин и да го потурите

Го има на следниот линк : https://www.instagram.com/p/B9HZf21n4tb/


Бон Апетит! 


Рецепт за вкусен колач за појадок: #ГотвимеДомаСоЖенскиМагазин и Ивана Кнез

* Рецепт за мафини со боровинки: #ГотвимеДомаСоЖенскиМагазин и Radisha's Kitchen Diaries

* Рецепт за вртена пита со спанаќ и изврка #ГотвимеДомаСоЖенскиМагазин и Наташа Малинкова

* Рецепт за брзи панцероти: #ГотвимеДомаСоЖенскиМагазин и Ивона Христова Илиевска

* Рецепт за пекарски кифли: #ГотвимеДомаСоЖенскиМагазин и Андреа Накова

* Рецепт за варен ѓеврек: #ГотвимеДомаСоЖенскиМагазин и една охриѓанка

*Рецепт за енергетски колачиња: #ГотвимеДомаСоЖенскиМагазин и Вера Петрова

*Рецепт за брза пита: #ГотвимеДомаСоЖенскиМагазин и Маја Аргакиева

*Рецепт за банана леб: #ГотвимеДомаСоЖенскиМагазин и 11-годишната Јована
* Рецепт за Велигденски чоколадца: #ГотвимеДомаСоЖенскиМагазин и Нина

* Рецепт за Пита Пица: #ГотвимеДомаСоЖенскиМагазин и Александра Силјаноска

* Рецепт за Тахини Барови: #ГотвимеДомаСоЖенскиМагазин и Радица Костова 

* Рецепт за Брза чоколадна торта: #ГотвимеДомаСоЖенскиМагазин и Ивона Христова Илиевска