Рецепт за најевтиниот чоколаден колач: Ќе го обожавате

Добивај вести на Viber

Имате желба да јадете нешто слатко, но немате ништо дома? Без грижи! Ова е торта за чија подготовка ги имате сите состојки во домот. Тоа е одличен избор за љубителите на чоколадни задоволства.

Состојки:

3 чаши јогурт

1,5 чаши шеќер

1 кесичка ванилин шеќер

2 лажици какао

половина чаша масло

3 чаши брашно

половина кесичка прашок за пециво

За прелив:

1 шолја млеко

1 чаша шеќер (малку помалку)

3 лажици какао

150 гр маргарин или путер


Подготовка:

Земете поголем сад. Во садот истурете 3 чаши јогурт, потоа 1,5 шолја шеќер, кесичка ванилин шеќер, 2 лажици какао во прав, потоа половина шолја масло, 3 шолји брашно и половина кесичка прашок за пециво.

Потоа измешајте сè со рака додека не се соедини. Внимавајте да не оставите грутки.

Вклучете ја рерната на околу 200 степени. Истурете ја смесата во подмачкан плех (или хартија за печење) и размачкајте. Ставете во рерна да се пече.

Прелив:

Во тавата истурете 1 чаша млеко, додадете шеќер, 3 лажици какао и маргарин или путер. Растопете сè добро.

По половина час печење извадете ја тортата од рерна и ставете ја малку да се излади. Кога колачот доволно ќе се излади, прелијте го со веќе подготвениот прелив.

Уживајте!


Извор: stil.kurir.rs

*ПР објава