РЕЦЕПТ за највкусниот Бадников леб со или без квасец

Добивај вести на Viber

Бадник е најголемиот и најубав христијански празник. Денот пред раѓањето на Исус Христос. Знаеме дека се одбележува со богата софра на која лебот со паричка е задолжителен обичај. Ќе ви предложиме 2 идеи.

Бадников леб без квасец: 

500 гр. цело -зрно брашно 

2 лажички сода 

половина лимон 

250 мл кисела вода 

Сол 

Во сад промешајте го брашното со содата и солта. Убаво мешајте за да се распореди содата. Додадете го сокот од пола лимон и киселата вода. Доколку има потреба и ако тестото се лепи додајте уште некоја лажица брашно. И секако не заборавајте да ставите париче. Покријте со полувлажна крпа и оставете да отстои од 2 до 4 часа. Потоа одвојте малку тесто за декорација и обликувајте топче но гледајте да е посплескано. Топчето украсете го по желба и печете во претходно загреана рерна на 180 степени.Откако ќе се испече замотајте го во сува крпа и оставете го да се олади. Бидејќи е без квасец не очекувајте внатрешниот дел да биде воздушест.


Бадников леб со квасец: 

375 мл. млака вода 

1 лажица кафен шеќер 

2 лажици маслиново масло 

1 ќесичка сув квасец 

400 гр. цело-зрно брашно 

200 гр. бело брашно 

сол 

За декорација: 

200 гр. бело брашно 

3 лажички сол 

100 мл. вода 

Во млаката вода ставете го квасецот заедно со шеќерот и маслото и покријте 10 мин да се активира квасецот. Потоа додадете ги брашното и солта и замесете меко и мазно тесто. Трик од мојата супер бабичка доколку немате снага да го месите и стискате тестото тогаш 99 пати удрете го од работната маса, малку посилно да биде.