Рецепт за ПОДОБАР ЖИВОТ: 6 цитати од Ема Вотсон кои луѓето постојано ги цитираат, а еве и зошто!

Ја сакате и паметите како Хермиона Гренџер, но актерката, манекенка и активистка за правата на жените Ема Вотсон се оддалечи од своите корени поврзани со Хари Потер. Оваа 29 - годишна феминистка не само што доби многу професионални признанија, туку таа претставува и значаен глас кој се бори за родовата рамноправност.

Откако глумеше во сите осум филмови за познатиот волшебник Хари Потер, обожавателите имаа можност да ја видат Ема и во остварувањата „Little Women“, „The Perks of Being a Wallflower“, „Beauty and the Beast“ и многу други. Покрај тоа што заврши глума, оваа убавица дипломираше и на Универзитот Браун (кој е во листата на најпрестижни универзитети во светот. Познат е по својата академска селективност и нагласок на социјалните и хуманистичките науки).

Покрај одличното образование, Ема може да се пофали и со својот изглед. Исто така може да се пофали и со тоа дека е амбасадорка на добрата волја во Обединетите нации. Сето ова актерката го постигна пред својата триесетта година.

Секако, сега се прашувате што ја води низ животот оваа амбициозна лидерка чие богатство се проценува на повеќе од 80 милиони долари?

Еве неколку нејзини цитати и мисли кои неодамна ги сподели и со своите следбеници на социјалните мрежи:

„Која е поентата на постигнувањето на огромен успег, доколку ти делува дека пропратно го губиш здравиот разум“ - Венити Фер, март 2017.

„Не сакам стравот од неуспехот да ме спречи да го правам она што навистина ми значи.“

„Доколку навистина го внесеш целото срце во она во што веруваш, па дури и доколку тоа те прави ранлива, ќе ти се случат неверојатни работи.“

„Се што можам да правам е да го следам својот инстикт, секако не би можела на сите да им удоволам.“

„Како стареам, приоритет ми се работите кои што прават да се чувствувам прекрасно.“

„Не сакам другите луѓе да одредуваат која сум јас. Сакам тоа да биде моја одлука.“