Рецепт за посна торта за Ѓурѓовден: Без печење, готова за час

Добивај вести на Viber

Посна маркизна торта

Ова е една многу едноставна, а толку вкусна торта, на која не ѝ треба печење! 

Потребни состојки:

300 грама посни бисквити

250 грама посен маргарин

250 грама шеќер во прав

200 грама мелени лешници

200 грама посно чоколадо


Подготовка:

Маргаринот изматете го со шеќерот во прав, па додајте ги мелените лешници и убаво измешајте.

Чоколадото растопете го на пареа, па додадете го и филот и уште еднаш убаво измешајте сè.

Потопете ги бисквитите во малку вода или сок, па наредете ги во соодветен плех.

Филот оди врз бисквитите.

Можете да наредите ред бисквити, ред фил, во тесен калап колачот ќе изгледа убаво.

На крај украсете го колачот по желба, по можност со малку растопено чоколадо и посипете со крупно сечкани лешници!

Се остава во фрижидер да се излади, па се сече.

Колку време заштедуваме, а каков вкус добиваме.



Извор: stil.kurir.rs

*ПР објава