Животна училница // Приказни
Религиозна и ненаметлива: Детали за првата сопруга на Никола Груевски
- 14 Ноември, 2018
Пред да се ожени со сегашната сопруга Боркица, поранешниот премиер Никола Груевски беше во брак со докторката Сузана Арбутина. Груевски беше во брак со Арбутина додека беше министер за финансии.
Јавноста многу малку знае за неа, освен дека е успешна докторка на Клиниката за пулмологија во Скопје.
Во 2014 година, и Арбутина беше меѓу 110-те професори и асистенти, потписници на јавното протестно писмо до тогашниот премиер.
Арбутина е омилена меѓу колегите и пациентите, скромна и многу религиозна. Блиските пријатели за неа велат дека е многу весела и позитивна личност. Таа од време на време може да се види на јавни настани, модни ревии и концерти на познати пејачи.