Решив сама да одгледувам дете, но неговото срце престана да чука: Тажна исповед на Џеси Џеј по спонтаниот абортус

Добивај вести на Viber

Бројните планови кои ги направила паднале во вода кога ѝ рекле дека срцето на бебето не чука повеќе...

Светски познатата пејачка Џеси Џеј преку социјалната мрежа Инстаграм, со фотографијата на која е во кревет и со тест за бременост, објави дека имала спонтан абортус и го загубила бебето. Таа во опширна објава истакна дека смета дека не треба да молчи колку е тажна за загубата, по големата животна одлука сама да одгледува дете.

- Вчера се смеев велејќи дека „Морам да го протуркам настапот во Лос Анџелес, без никому да кажам дека сум бремена.“ Попладне се мачев да го сторам истото без да колабирам и дознавам дека срцето на бебето повеќе не чука. Утрово веќе сфаќам дека не можам да ги контролирам емоциите. Можеби ќе ми е жал што го објавувам овде ова. Можеби не. Буквално, не знам“, започна таа.

- Знам само дека сакам да пеам вечерва. Не затоа што страдам, туку затоа што тоа ми помага. Имав два настапи за две години, а ми требаат на душата. Особено денес. Знам дека многумина ќе речат дека треба да откажам. Но, во овој момент, едно нешто ми е сосема јасно. Како млада, пеев и тоа ме исполнуваше со некоја радост и никогаш не се смени. Морам да поминам низ ова на мој начин. Сакам да бидам искрена, да не кријам како се чувствувам. Јас го заслужувам тоа. Сакам да бидам јас, колку што можам сега. Не само за мојата публика, туку и за мене, и за бебето кое даде се' од себе. Се знам и самата, на сцена ќе зборувам за тоа, таква сум. Така, наместо солзи, мислам дека ова е многу подобра опција – продолжи таа.

-Инаку решив сама да одгледам дете. Да имам дете е се' што сум сакала некогаш, а животот е краток. Вистинско чудо е што останав бремена и тоа е искуство кое сигурно нема да го заборавам. Знам дека ќе се повтори. Сè уште сум во шок и тагата е ... необјаснива. Но знам дека сум силна и ќе бидам во ред. Знам и дека многу жени во светот го доживеале истиот хорор. Се чувствувам поврзана со нив. Па, се гледаме вечерва. Можеби нема да се шегуваме како и обично, но моето срце е таму – заклучи таа.

View this post on Instagram

A post shared by Jessie J (@jessiej)