REVALID®: Елена и Љубица ја откриваат иновацијата против стареење и тенка коса
Елена од Скопје и Љубица од Битола се двете Македонки кои погледнаа одблиску и ја открија иновацијата против стареење и тенка коса на Revalid®. Швајцарскиот бренд лансираше производ наменет да го забави процесот на стареење на косата и скалпот.
- Горди сме што швајцарската иновативната формула DN-AgeTM ја промовираме во Македонија. Нашите Revalid® Anti-Aging шампон и Anti-Aging флуид на жените ќе им помогне да го забават процесот на побелување на косата и ќе и дадат повеќе јачина, густина и волумен. Сакаме секоја жена да има здрава коса, а со тоа да зрачи со убава енергија, самодоверба и да ужива во сите убави моменти на животот што би рекле ние “Новата ѕвезда е родена”, велат од брендот.
Ефектите од процесот на стареење на косата се многу повеќе од само појава на бели влакна и вклучуваат и сувост, истенчување, кршливост, недостаток на волумен и сјај. Како што клетките на кожата ја губат својата природна способност да се спротивстават на оксидативниот стрес и оштетување, Revalid® Anti-Aging системот им ја обезбедува потребната поддршка за одржување на здрава текстура, волумен и изглед.
Од брендот направија интересно видео со Елена Стојановска Јанковска, познатата водителка на утринско шоу која со воодушевување говореше за иновацијата.
- Моите утра и започнуваат уште во 5 часот, на работното место треба да изгледам убаво, особено мојата коса. Навистина уживав да снимам за брендот низ моето мистично катче во Скопје, искрено, сакам да ви кажам дека најважно ми е да имам здрава коса. Со овој бренд драго ми е што за мојата коса ја открив вистинска иновативна формула, вели Елена.
Системот се состои од Revalid® Anti-Aging шампон и Anti-Aging флуид. И двата производи содржат иновативна активна состојка DN-AgeTM, концентриран екстракт од листовите на Cassia Alata , растение познато по своите лековити и антивоспалителни својства. DN-AgeTM молекулата е инспирирана од одбранбените својства на растението за да ги заштити фоликулите на човечката коса и скалп и да го забави процесот на стареење. Ефектите како антиоксидативен, антивоспалителен, против-избелувачки ефект како и способноста за одржување на својствата за раст и стимулирање на обнова се докажани во бројни in vitro и in vivo студии. Во една студија, 80% од испитаниците ја опишуваат својата коса како посилна и погуста после секојдневна употреба на DN-AgeTM на скалпот.
Љубица Ангелковска екс новинар и ПР консултант ни откри дека со задоволство се вклучи во кампањата.
- Темпото на моето живеење, создава еден успешен свет за клиентите преку моја работа што ме прави вистински среќна. Постојано сум активна, но секогаш наоѓам време да и се посветам на мојата коса, бидејќи здравата и негувана коса за мене е самодоверба која инспирира. Верувам и во луксузот секогаш да се изгледа добро. Тоа е знак дека се сакате себеси. А ако се сакате себеси, можете вистински да сакате и друго, додава Љубица.
Интересен факт е дека Revalid® Anti-Aging шампон и Anti-Aging флуидот содржат и екстракт од еделвајс од швајцарските алпи, растение познато како “преживувачка sвезда“, кое има способност да расте на големи надморски височини и високи температури. Преку стимулирање на клучни гени и протеини одговорни за одржување на заштитната бариера на скалпот, тоа претставува дополнителен поттик за самата коса и скалп.
Revalid® е бренд основан во 1992 во Швајцарија, специјално создаден да обезбеди холистички решенија за нега и против опаѓање на коса. Развиен од експертите, за да ја направат вашата коса поздрава и поцврста, Revalid® високо квалитетните производи се специјално формулирани да ги задоволат потребите на сите. Сите производи се дерматолошки тестирани и произведени во Швајцарија и може да се најдат во аптеките во земјава.