Revlon Professional Macedonia ги претстави новите производни линии

Добивај вести на Viber

Во неделата на 14.04.2019 во Allikas Wedding & Event Center, во организација на Дакалама Нет официјалниот увозник на брендовите Revlon Professional, American Crew, Olaplex, Kasho и Olivia Garden, беше презентирана најновата колекција на Revlon Professional наречена „Unapologetic” пролет/лето 2019 со најновите трендови и техники на фарбање, новата иновативна линија на производи „Magn±t™”, новите Eksperience™  бустери и летната колекција од линијата Eksperience™, како и новите трендови и производи од брендот наменет исклучиво за мажите-American Crew.

Настанот го проследија фризери, стилисти и професионалаци од цела Македонија, а самата презентација ја водеше претставник на Revlon Professional за балканските земји г-ѓата Ања Демиќ . На сцената повеќе од 2 часа работеа техничките тимови на Revlon Professional од Србија и Македонија, а исто така се претстави и American Crew Premium експертот Витомир Атанасовски.

Прво беше презентирана колекцијата „Unapologetic”.  „Unapologetic”е рефлексија на разновидноста која што е сеприсутна и која што најдобро е отсликана во новото урбано живеење, велат од Revlon Professional. Таа го спојува дневниот и природен стил со софистицираниот, вечерен изглед постигнат со минимален труд, а низ таа спојка скоро невидливо се испреплетува металниот сјај кој што е N° 1 тренд оваа сезона. 

Колекциијата „Unapologetic” пак доаѓа рака под рака со најновата производна линија наречена „Magn±t™”. Новите професионални производи за коса „Magn±t™” се одговор и решение за еколошките агресори за чие што влијание на косата е најмалку зборувано, но тоа влијание се гледа во квалитетот на косата, сјајот, долготрајноста, изразеноста на бојата и.т.н. Производите од линија  Magn±t™ ја имаат моќта да им се спротивстават на еколошките загадувачи како што се металните микрочестици присутни во воздухот, минералните соли што се наоѓаат во водата, штетните зрачења од сонцето и слично. Со тоа што го сузбиваат нивното негативно дејство, овие производи им овозможуваат на професионалните фризери и стилисти да постигнат живописни, изразени и интензивни бои, а истовремено да ја сочуваат косата здрава и сјајна од коренот до врвоите. 

На настанот исто така беа презентирани и новите Eksperience™ Boost формули дизајнирани како моќно дополнување на Eksperience™ спа третманите за коса. На професионалците кои што во своите салони имаат понуда на премиум услуги како што се овие Eksperience™ спа третмани, им се нудат 4 вида на бустери и тоа: за фарбана коса, за виткана коса односно анти-фриз бустер, за волумен на косата и бустер за ојачување и дополнителна заштита на влакното на косата.  Осврт беше даден и на летната Eksperience™ колекција која што нуди целосна заштита на косата од сонцето и морето во летните денови. И овие производи, како и сите останати производи од линијата Eksperience™, се направени на природна база и се богати со аквамарис комплекс, олиго елементи и минерали од морето.

Производите на Revlon Professional може да се најдат исклучиво во фризерските салони, а за сите дополнителни информации може да се обратите на нивните официјални профили на социјалните мрежи.