РИЧАРД ГИР НА 69 ГОДИНИ СТАНА ТАТКО: Која е 33 години помладата мајка?

Ричард Гир кој во август ќе наполни 70 години по вторпат стана татко. Неговата 33 години помлада девојка Алехандра Силва роди машко дете, а веста за приновата ја објави шпанскиот магазин „Hola“.

Докажаниот филмски актер веќе има 18-годишен син, Хомер Џејмс Џигме, со поранешната сопруга Кери Лоуел, а Алехандра има шестгодишен син, Алберт, кој го доби со Говиндо Фридленд.

Силва е активистка и претприемачка, ќерка на бизнисменот и поранешен потпретседател на фудбалскиот клуб Реал мадрид, Игнасио Силва. Актерот ја запознал додека се разведувала од претходниот сопруг.