Ричард Гир се пошегува: Мојата сопруга не знаеше кој сум, мислеше дека сум Џорџ Клуни

Добивај вести на Viber

Ричард Гир (75) и неговата сопруга Алехандра Силва (41) засекогаш ќе ја паметат првата средба и тоа поради урнебесна причина. Во интервју за шпански Elle, познатиот актер се пошегува дека неговата сопруга „немала поим“ кој е тој кога се запознале.

„Таа мислеше дека сум Џорџ Клуни“

Сепак, таа тогаш призна дека не ги гледала сите негови филмови, а Гир се пошегувал: „Мислеше дека сум Џорџ Клуни“. Неговата сопруга призна дека навистина гледала некои негови филмови и дека се заљубила во него поради филмот „Time Out of Mind“ од 2014 година.

Во брак се шест години

За потсетување, парот се венчаше на тајна церемонија во април 2018 година, а заедно ги имаат 5-годишниот син Александар и 4-годишниот син Џејмс. Гир е и очув на 11-годишниот син на Силва, Алберт од претходниот брак и татко на 24-годишниот Хомер, кој го имаше со поранешната Кери Лоуел.

Извор: Index.hr