Моден фокус // Трендови
Ријана за првпат по породувањето прошета на црвениот килим: Сите очи беа вперени во новопечената мама (ФОТО)
Ријана по породувањето, за прв пат се појави на црвениот тепих.
Пејачката Ријана првпат се појави на црвениот тепих по раѓањето на нејзиниот син. Заедно со таткото на нејзиното дете, АСАП Роки, прошетаа на официјалната премиера на филмот „Black Panther: Wakanda forever“, а сите гледаа во необичниот стајлинг на пејачката од Барбадос.
Новопечената мајка носеше навидум лежерна фризура, зелен кожен фустан и долги ракавици, како и впечатливи обетки.
А со нејзиниот партнер беа модно координирани.
Сите се согласија дека Ријана изгледа одлично по породувањето!
Таа официјално го најави и нејзиниот нов сингл “Lift Me Up” кој ќе излезе во петок, по подолга пауза од музиката.
извор: mondo