Рита Ора се омажила тајно, партнерот е 15 години постар режисер: „Луѓе, повеќе не сум на пазарот“
Секако размислував да го земам неговото презиме, но многу се трудев за ова моето Ора. Не знам... Навистина уште не сум одлучила, вели пејачката
Кога се појавија гласините дали сум се омажила, сакав да импровизирам и малку да си поиграм со сите тие натписи. Сакав да организирам свадба која, на пример, не одеше според планот. Секако, тоа не е така во реалноста, изјави пејачката Рита Ора (32), која по неколкумесечни шпекулации конечно потврди дека се омажила за режисерот Таика Вајтити (47), кој е 15 години постар од неа. Таа рече дека денот на нејзината венчавка бил совршен и посебен ден.
- Да, се омажив. Официјално веќе не сум на пазарот, луѓе. Решив да го задржам приватно и повеќе за себе, но со моето ново видео покажувам што можеше да биде - изјави Рита и додаде:
- Беше баш како што сакав. Беше прекрасно и совршено. Убаво е да чувате некои работи за себе. Жал ми е што не е толку интересно. Еден ден ќе направам голема забава.
Пејачката сѐ уште не одлучила, вели, дали ќе го земе презимето на сопругот.
- Секако размислував да го земам неговото презиме, но многу напорно работев за ова, моето Ора. Не знам... Навистина уште не сум одлучила – истакна таа.
Во август, гласините за венчавката започнаа откако режисерот објави фотографија на која се гледа прстен на левата рака. Двојката е заедно две години, а пред врската со години беа добри пријатели.
Пејачката со потекло од Косово претходно беше во врска со бројни познати личности, како Бруно Марс, ASAP Роки (со кој е сега Ријана)... Таика веќе беше во брак со продуцентката Челзи Винстанли од 2011 до 2018 година и имаат две ќерки.
FOTO: INstagram