Роберт до Агнеса: Кога ќе престанеш да се глупираш?

Една недела сакагата околу семејството Ордановски ја бранува јавноста. Се‘ започна на Стара нова година кога поранешниот директор на АЕК Роберт- Боби Ордановски преку фејсбук, јавно сподели детали за нивниот брак, а сопругата ја нарече фотошоп барбика.

Само ден подоцна, Орданоски за Женски магазин ја раскажа целата приказна за разделбата од сопругата која како што вели дошла одненадеш и сè уште бил во шок од нејзината одлука. 

А, вчера Ордановски повторно преку социјалната мрежа Фејсбук се обрати до Агнеса: „Само ме занима кога ќе престанеш да се глупираш? Децата за 2 дена продолжуваат со училиште, ти акаш лево, десно, децата не се дома кај што им е компјутерот за онлајн настава, учебниците и приборот“, напиша Боби.


Фото: Фејсбук/Robert Bobi Ordanovski