Роди 4-то дете на 44 години: Кортни Кардашијан доби син со Бекер, помина стравови во бременоста поради операции на фетусот
Кортни Кардашијан стана мајка по четврти пат откако денеска роди син. Тоа е нејзиното прво дете со сегашниот партнер Тревис Баркер.
Ова е четврто дете за Кортни Кардашијан, која веќе има три деца - 13-годишниот Мејсон, 11-годишната Пенелопе, осумгодишниот Рејн, кои ги доби во бракот со Скот Дисик (40).
Што се однесува до Тревис Баркер, тој има две поголеми деца – Лендон (20) и Алабама (17) со неговата поранешна сопруга Шана Моаклер (48). Рок ѕвездата ја смета и ќерката на Шана со поранешниот боксер Оскар Де Ла Хоја, 24-годишната Атиана Де Ла Хоја за негово дете.
„Не го доведувајте во прашање Божјиот план“
Инаку, Кортни во средината на октомври за „Vanity Fair Italia“ изјави дека забременила по природен пат по две години неуспешни обиди за ин витро оплодување, поради што паднала во депресија.
„Само велам: како можевте да го доведете во прашање Божјиот план? Затоа што јас така ја гледам оваа бременост, која се случи кога и Тревис и јас не ни размислувавме за тоа и една година откако го прекинавме ИВФ“, рече тогаш таа.
Нејзината бременост не била лесна. Во септември таа имаше застрашувачко искуство кога имаше операција на фетусот за да го спаси животот на нејзиниот нероден син. Тревис долета дома од неговата турнеја за да биде покрај неа.
„Беше страшно. Чувствувам дека порано или подоцна ќе навлегувам во детали бидејќи се надевам дека тоа би можело да им помогне на другите, но сè уште не се чувствувам подготвена бидејќи беше навистина страшно“, признала таа.
Да потсетиме, најстарата ќерка на Крис Џенер објави дека е бремена на концертот на групата Blink-182, чиј тапанар е нејзиниот сопруг. На настапот на стадионот БМО во Лос Анџелес, таа носеше плакат на кој пишуваше: „Тревис, јас сум бремена“.