Родила три деца, но ниту едно не е нејзино: Како е тоа возможно

Лидија Ферчилд била шокирана кога дознала дека не е биолошка мајка на нејзините деца, иако ги родила сите три. Таа тогаш морала да се брани од немилосрдната бирократија, откако била обвинета за обид за измама за социјална помош и нелегално сурогат-мајчинство.

Направила ДНК тест по разводот со сопругот, кога поднела барање за социјална помош. Но, тестирањето покажало дека таа воопшто не е мајка на нејзините деца. Социјалната служба тогаш ја обвини за обид за измама на системот за помош и за нелегално носење туѓо дете.

Иако официјалните сведоци присуствувале на нејзиното трето раѓање, тие верувале дека таа е сурогат мајка за некој друг. Знам дека ги носев и знам дека ги родив. Не се сомневам - рече Ферчилд.

- Ќе седев навечер и вечерав со децата, и само плачев. Тие само ќе ме погледнеа и ќе ме прашаа „што не е во ред“. Ќе дојдеа и ќе ме гушкаа, а јас не можев да им објаснам, бидејќи и јас не разбирав - рече таа.

По три судски рочишта, нејзиниот адвокат потсети на сличен случај во кој детето немаше ДНК што одговараше на неговата мајка - затоа што мајката била со човечки химеризам (луѓе со две ДНК). Генетскиот химеризам е ретка појава кога едно лице е родено со делови од телото кои всушност му припаѓаат на неговиот нероден близнак.

Секоја осма бременост всушност започнува како бременост со повеќе ембриони, но кај повеќето само еден се развива во фетус. Делови од неуспешен ембрион во мал број случаи можат да се спојат со успешниот, а се развива фетус кој има две групи ДНК, кои можат да варираат од орган до орган.

Во некои случаи, луѓето можат да имаат различна боја на очите, дамки на телото, а понекогаш и целиот репродуктивен систем - или само јајниците - може да се наследат од нероден близнак. Откако нејзиниот адвокат побарал дополнителни тестови, судот утврдил дека таа навистина има химеризам и сите обвиненија биле отфрлени.


Можеби ќе ве интересира:

Најчудната година, за нив најсреќна: Познати бремени дами во време на светската пандемија