РОЈТЕРС ГИ ОБЈАВИ НАЈДОБРИТЕ ФОТОГРАФИИ ЗА 2018

Интернационалната новинска агенција Ројтерс традиционално во декември ги одбира најдобрите фотографии за годината што изминува. Од трагични човечки судбини до природни феномени, од светски познати лица фатени во незгодни моменти до војни и убиства. Вака изгледаше 2018 година.

Дете спие во куфер. Фотографија на Омар Санадики снимена на 15 март

Невеста позира за време на тотална лунарна еклипса во Бразил на 27 јули.  Фото: Уеслеи Марселино

Филмскиот продуцент Харви Вајнстин пристигнува во Кривичниот суд на Менхетен, во Њујорк на 25 мај. Фотографијата е на Шенон Стејплтон.

Папата Франциско пристигнува во Базиликата Аглона во Летонија, а овој извонреден кадар е на Макс Роси.

Серена Вилијамс му зе заканува на главниот судија Карлос Рамос на финалето на Ју Ес Опен во Њујорк

Ова се дел од фотографиите, а сите ги имате ОВДЕ.