Росана Петревска со ќерката Лара патува низ Европа: Повлечена од јавностa

Росана Петревска важи за жена која во секоја прилика внимава на својот имиџ. Во јавноста позната како лице за односи со јавност, заштитно лице на модни брендови и дама која диктира нови трендови. 

Иако далеку од очите на јавноста, Петревска собира позитивни искуства од патувањата низ Европските метрополи. Често отсутна од државава секогош во друштво на нејзината ќерка Лара, Петревска плени со насмевка и носи нови модни трендови.

Летово го разубави не само Охрид, туку и Маврово каде ја видовме како ужива во планински амбиет и чист воздух.

Последниот период, таа со својата ќерка посети неколку европски градови, меѓу кои и Рим, Виена и вели дека патувањата ја релаксираат и ѝ отвараат нови можности за кои вети дека наскоро ќе раскаже во јавноста.

Росана даде свое мислење за тоа како една дама треба да изгледа во летниот период, на плажа.

- Секогаш складен костим за капење кој ќе одговара на силуетата, шапка (шешир, капче) заштитен фактор, прикладна наметка, убав пешкир, чанта се во склад на боите и модниот стил / тренд кој го сакате. Бохо стил,елеганција, класика кој што сака само да биде урбано, уредно и пристојно.

Петревска воопшто не открива ништо за нејзиниот приватен живот и го држи далеку од очите на јавноста, изолирана од присуство на дигиталните медиуми. Сепак централно место и најголема посветеност ѝ е нејзината 13-годишна ќерка Лара која е нејзин крвоток и мотив за нови достигнувања, раскажа Росана.

М.Џаровска