Росана стана баба на уште еден внук: Матео ќе биде песнопоец на мене

Познатата пејачка Росана Сариќ-Тодоровска и нејзиниот сопруг, актерот Ѓорѓи Тодоровски-Трупче денеска станаа баба и дедо на уште еден внук. Нивната ќерка Ивана го роди Матео, а среќната баба радосната вест ја објави на Фејсбук. 

Росана за „Женски магазин“ изјави дека внукот ќе им биде песнопоец, како баба му. Ќерката и зетот на Росана и на Трупче, Ивана и Џејмс Холт кој е е Англичанец го имаат три ипол годишниот син Ноах, за кој бабата и дедото посветено се грижат. 

 - Сите сме уште позитивно вознемирени. Иванче ни подари уште еден внук кој ќе се вика Матео. Ивана е породена природно и многу е позитивна и дисциплинирана. Матео се роди 3400 грама, долг 51 сантиметар, и е со косичка, ни изјави Росана за внукот. 

- Овој ден за нас е празник, и дежурни сме на телефоните на кои од се’ срце се јавуваат блиски роднини и пријатели да честитаат.. Меѓу првите нормално беа моите родители, братот на Ѓорѓи Иљчо, моја Маријана од Австралија, нашиот Тоде Новачевски... Импресии и убавини, човек само да посака... Благодарност до сите за ИСКРЕНИТЕ честитки, и Господ да враќа каде што треба. 

Инаку, Ивана е породена во „Систина“ како за Ноах така и за Матео, и огромна благодарност до докторите Клементина и Палчевски, додаде Росана и за крај рече дека би сакала внукот да го наследи нејзиниот талент за пеење. 

 -Зетот Џејмс, само што заврши породувањето ми го пушти Матео како плаче и со Иванче ми рекоа дека ќе биде песнопоец на баба, ни рече Росана. 


 М.Џаровска 

Фото: Приватна архива