Животна училница // Приказни
Рози, сопругата на премиерот Мицковски во служба на народот: Во црковно-народната кујна „Свети Спас“ подготвуваше оброци за социјално загрозени граѓани

„ПРАЗНИЧНА ХАРМОНИЈА ЗА СИТЕ !
Денеска заедно со сопругата на Премиерот Рози Мицкоска, градоначалникот на општина Аеродром Дејан Митески и тим на волонтери од нашите најблиски соработници во црковно-народната кујна „Свети Спас“ во Лисиче подготвувавме оброци за социјално загрозени граѓани.
Покрај оброците, вапцавме и спакуваме велигденски јајца за престојниот празник кој ќе бидат доставени до многу семејства.
Благодарност до Отец Оливер, Отец Костадин и хуманитарната организација "Свети Спас" што ги отвараат своите порти за нас.
Исто така и за Марија Андоновска која е иницијатор за безброј вакви активности и настани.
За многу години!“- напиша Бојан Стојаноски, Пратеник во собранието на Република Македонија, кој беше и самиот таму и помагаше.