Русокоса убавица: Поранешнит сопруг на Емина веќе не ja крие 20 години помладатa девојка

Мустафа Сандал за прв пат објави заеднички фотографии со друга девојка откако се раздели со пејачката Емина Јаховиќ.

Турскиот пејач Мустафа Сандал (51), поранешен сопруг на Емина Јаховиќ, веќе подолго време е во врска со Мелис Сутсуруп, покрај кого ја најде среќата по разводот со српската пејачка, а дури сега сподели и нивни заеднички фотографии за прв пат.

Мустафа и Мелис беа „фатени“ за прв пат заедно во мај 2019 година, а турските медиуми зуеја за снимките и фотографиите на кои пејачот и неговата нова девојка се држат за раце.

Како што тогаш беше објавено во локалните медиуми, Мелис е 20 години помлада од Мустафа и е претприемач, таа е сопственик на моден бутик во Истанбул.

Мустафа досега немаше објавено ниту еден момент со атрактивната русокоса на социјалните мрежи, сепак сега објави фотографија на која се смее, а убавата Мелиса е потпрена на неговото рамо.

View this post on Instagram

A post shared by Mustafa Sandal (@mustafasandal24)


Мелиса од претходниот брак има син, додека Сандал од бракот со Емина Јаховиќ, кој траеше 10 години, има двајца наследници, Јаман и Јавуз.

- Мустафа и јас сме само пријатели, тој повеќе не е мој сопруг, затоа не ми пречи со кого и да е фотографиран - изјави Емина Јаховиќ во 2019 година, откако нејзиниот поранешен сопруг беше виден за прв пат со новата избраничка .

Погледнете како изгледа 20-години помладата партнерка на Мустафа во галеријата подолу:

фото:instagram/melisutsurup
извор:telegraf.rs