Сафари елеганција за урбани дами: Свежи и летни бои и дезени во кои ќе чекорите самоуверено и со стил
Со доаѓањето на летото несомнено на модната сцена се враќа и сафари стилот.
Стил кој им прилега на летните денови бидејќи претставува мешавина од едноставни парчиња со храбри мотиви од тропските предели.
Токму таква е новата, „Сафари Колекција - Лето 2021“ на модниот бренд „Бела“ која е составена од дизајнерски лимитирани модели во светли свежи и летни бои и дезени во кои ќе изгледате како урбани дами кои чекорат самоуверено и со стил.
Станува збор за парчиња кои ќе внесат свежина во вашиот гардеробер и живот, во нив ќе изгледате впечатливо, доминантно, урбано, а за да сфатите за што зборуваме, погледнете во продолжение:
1.Комплет со цветен дезен составен од Топ Сафари и Панталони Сафари. Можете да го носите во комплет и разделно и да ги комбинирате парчињата со друга облека. Во секој случај ќе бидете приметени и ќе изгледате заносно.
2. Фустан Сафари дотс во кој ќе зрачите од елеганција, а истовремено ќе ја истакнете женственоста.
3. Кошула Сафари - ова ќе биде вашето омилено парче облека за летово. Внимателно одбран спој на бои и дезени склопен во едно уникатно парче кое е доволно само по себе и лесно се комбинира со еднобојни панталони и здолништа во било која боја од палетата.
4. Блузата Сафари е навидум едноставна бела маица, но всушност се работи за уникатна блуза со пресек во долниот преден и заден дел.
5. Елек Сафари и Панталони Сафари во кои ќе издоминирате каде и да се појавите, а минималистичката елеганција која ја оддава комплетот дозволува да си поиграте со впечатлив накит со кој ќе додадете доза на разиграност.
И секако неповторливиот Фустан Сафари со кој женственоста ќе ја истакнете на еден поинаков, урбан, а толку елегантен начин.
Сите овие модели се веќе достапни за продажба онлајн и во салоните на модниот бренд „Бела“, додека подолу наведените модели од колекцијата „Лето 2021“ на модниот бренд „Бела“ ќе можете да ги најдете во продажните салони веќе од вторник.