Сакам да мирисам на парфем, а не на запршка: Цеца призна каква домаќинка е, но и за тоа дали во бракот е важно жената да знае да готви

Цеца Ражнатовиќ, која моментално ужива во среќна врска со Богдан Срејовиќ, истакнува дека не мисли дека жената нужно треба да знае да готви. Како што истакна фолк ѕвездата, таа смета дека денес секој може да се ожени, но дека е успех да се одржи бракот, а тоа не се постигнува со часови во кујна.

- Сакам да мирисам на добар парфем, а не на запршка. Тоа што некој знае добро да свитка сарма и да зготви грав, не ги дефинира женските квалитети. Денеска секој може да стапи во брак, но важно е да се негува и одржува тој брак, а тоа секако не се прави со пржено месо и мрсна супа - изјавила Цеца чија мајка ја научила на сѐ но признава дека тоа не се работи во кои ужива.

-Мајка ми инсистираше јас и Лидија да научиме се за тоа на време, но сега би излажала ако кажам дека готвам. Не уживам и не ме интересира. Да се ​​разбереме, да морам, секако дека би готвела. Ништо од тоа не ми е непознато, туку едноставно, имам избор – изјави неодамна таа.

Цеца откри како изгледа животот во вилата Ражнатовиќ на Дедиње.

- Јас и Лидија, како и нашите деца сме многу блиски. Ние сме големо и компактно семејство кое живее заедно и така функционираме со години. Не е важно дали мама или тетка се таму во моментот кога треба да се донесе одлука. Моите деца функционираат на ист начин. Овде се е спонтано и опуштено – изјавила пејачката.